Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар го демолираше противникот со дури 68 поени разлика
Вардар го демолираше противникот со дури 68 поени разлика

Вардар го демолираше противникот со дури 68 поени разлика

Во дербито на дното на табелата, кошаркарите на Вардар го демолираа противникот со дури 68 поени разлика.

Уште во првата четвртина се знаеше победникот кога резултатот на семафорот гласеше 40:08. Предноста само растеше, за да на крајот на третата четвртина имаме +68 поени разлика за нас (104:36) и краен резултат 118:59.

На овој натпревар шанса добија и младите играчи и сите се запишаа во листата на стрелци. Темелковски оствари дабл-дабл со 13 поени и 10 скокови.

Вардар: Ивановиќ 18, Цветковски 12, Серафимов 2, Темелковски 13, Радош 18, Шалев 5, Анастасов 6, Волканоски 11, Прентовиќ 6, Данилов 5, Станимировиќ 10, Тарнер 12.