Со вчерашните натпревари помеѓу екипите на Шкупи и Вардар односно Чаир 2030 и Струмица се комплетира и изгледот на табелата во Втората лига – мажи за тековната натпреварувачка сезона 2021/2022.
Во натпреварот за третото место на табелата, славеа кошаркарите на Вардар кои ги совладаа кошаркарите на Шкупи со 67-92. Во вториот меч на второлигашка агенда, последна за оваа сезона, Кошаркарите на Чаир 2030 славеа над Струмица со 91-79 и го подигнаа шампионскиот трофеј. Струмица и Чаир влегоа во Првата лига, нашиот Вардар и идната сезона ќе биде дел од второлигашката конкуренција.