Денес рамки на 24.коло од младинската Супер лига се одигра дерби на теренот во Хиподром. На истото се сретнаа двата тима кој се на врвот на табелата, ФК Вардар ги пречека младинците на ФК Победа. Ова дерби за врвот за жал бевме поразени со резултат 1-2 (0-1).
Младинците започнаа со овој состав: Стојковски Лука (К), Трпезановски Дарко, Серафимов Давор, Стојилевски Марко, Јусуфи Нијаз, Дошев Ѓорѓи, Величковски Никола, Стојановски Стефан, Здравковски Симеон и Ѓорѓиевски Филип.
Двата младински тима започнаа резервирано на самиот почеток, влогот на оваа младинско дерби беше голем. По една лоша интервенција на нашата одбрана, доста рано во 8.минута тимот од Прилеп, екипата на Победа успеа да поведе со 0-1. Потоа се заканивме од слободен удар, популарниот „Гого“ упати одличен удар кој не донесе реми. Вардар атакуваше на враќање на резултатската симетрија, две прилики за црвено-црните младинци имаше и Јусуфи Нијаз. До крајот на првиот дел не успеавме да изедначиме иако имавме офанзива, ние бевме тимот кој напаѓаше и креираше шанси. Гостиот беше дефанзивно настрен, немаше воопшто обиди кон голот на капитенот Стојковски Лука. До крајот на првиот дел имавме уште две закани преку Величковски Никола и Дошев Ѓорѓи, сепак на одмор заминавме со гол негатива на ова младинско дерби.
Во вториот дел влеговме со сите сили и крајно офанзивно со цел брзо да дојдеме до реми на самиот почеток. Ризикувавме доста, се отворивме целосно и се префрливме пред голот на противникот, оставајќи прилика да бидеме загрозени од контра напади. Токму тоа и се случи по брза трансформација во офанзива, тимот на Победа успеа да погоди. Прилепчани стрелаа за удвојување на предноста на ова младинско дерби по само 10.минути во вториот дел, тие поведоа со комотни 0-2. Ние не се демотивиравме, напаѓавме и успеавме да ја преполовиме предноста на прилепчани на 20.минути до крајот. Се играше 70.минута, топката дојде до Величковски Никола кој успеа да стрела за резултат 1-2. По погодокот ние атакуавме со сите сили на изедначување, имавме целосна офанзива, црвено-белите се бранеа со 11 играчи пред својот гол. Успеаа да се одбранат и да победат со резултат 1-2, со овие три бода тие се зацврстија на лидерската позиција која носи титула.