Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар на само уште една победа до одбрана на Шампионската титула, висок триумф на гости кај Бутел
Вардар на само уште една победа до одбрана на Шампионската титула, висок триумф на гости кај Бутел

Вардар на само уште една победа до одбрана на Шампионската титула, висок триумф на гости кај Бутел

Ракометарите на Вардар се наоѓаат на само една победа, до одбрана на Шампионската титула во домашното првенство. Вечерва црвено-црните стигнаа до висока победа на гостувањето кај екипата на Бутел, изразена со резултат 23:33.

Вардар во текот на целиот натпревар го контролираше натпреварот, иако во одредени периоди од првото полуреме домашната екипа се закануваше на нашето водство, кога намалуваше на еден гол негатива. Сепак, со серија на погодоци, избраниците на Дејвис Камара пред крајот на првиот дел го скршија отпорот на противникот, па на одмор заминаа со солидна предност од четири голови (12:16).

Во вториот дел стигнавме и до пет гола предност, но противникот сепак успеа да намали на три гола негатива, не дозволувајќи предвреме да биде решен победникот. Сепак Вардар не дозволи денес изненадување, ниту пак неизвесност, се превзема во свои раце, се одлепи на голема разлика и на крајот стигна до победа изразена со двоцифрена разлика, резултатот гласеше 23:33.

Кај Вардар се истакна Тимур Дибиров со 7 голови, додека Филип Талески имаше 5 голови. Стоилов, Георгиевски, Њокас, Додиќ и Ѓукиќ по три пати се запишаа во листата на стрелци.