Кадетите на ФК Вардар, денес на домашен терен ја пречекаа екипата на ФК Победа. На еден дуел со голем број погодоци, гостинот од градот Прилеп дојде до победа со резултат 3:4 (3:2).
Вардар започна со овие 11: Данчевски Данстак Андреј, Ивановски Лука, Таневски Кристијан, Петровски Андреј, Јовановски Филип, Недељковиќ Лука, Алији Алтин, Анчевски Никола (К ), Алексоски Андреј, Славев Мартин и Трајковски Драган.
Првиот дел беше вистинска голејада, двата тима заедно постигнаа пет гола во првите 45.минути на овој кадетски дуел. Вардар поведе најпрвин со 1-0 преку Алији Алтин во 5.минута, ривалот успеаа потоа да изедначи на 1-1. Ние тргнавме со сите сили да го вратиме водство и успеавме во 30.минута, кога Славев Мартин погоди за 2-1. За жал прилепчани имаа прилика три минути потоа и повторно ја вратија резултатската симетрија, изедначи ФК Победа на 2-2. Ние не се предававме и в 38.минута преку Јовановски Филип поведовме со 3-2. Данстак не дозволи по трети пат да се вратат на реми, па на одмор заминавме со минимална предност, односно по 45.минути фудбал беше 3-2 за Вардар.
Имавме минимална предност од првиот дел, на почетокот на вториот дел нападнавме со сите сили со цел да ја зголемиме и да дојдеме до три бода. Имавме четири големи прилики во овој период, кој за жал не ги претворивме во погодок. Алији Алтин пропушти две шанси за гол за црвено-црните кадетки, потоа по една прилика имаа Јовановски Филип и Мартин Славев. За сето тоа дојде казна, гостинот успеа да изедначи на 3-3 по едно наше невнимание во 65.минута. Имаа шанса и за целосен пресврт, но Данстак успеа да ја скроти таа опасност. До крајот не успеавме да ги реализираме своите прилики, па дојде уште една казна како што тоа секогаш е во фудбалот. Победа со гол за 3-4 дојде до три бода на оваа кадетска средба.