Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Вардарците Нуров и Богданов ќе настапат на Европските игри во Минск, БК Вардар со револуционерен потег- ќе им исплати премија од клубската каса доколку донесат медал за Македонија
Вардарците Нуров и Богданов ќе настапат на Европските игри во Минск, БК Вардар со револуционерен потег- ќе им исплати премија  од клубската каса доколку донесат медал за Македонија

Вардарците Нуров и Богданов ќе настапат на Европските игри во Минск, БК Вардар со револуционерен потег- ќе им исплати премија од клубската каса доколку донесат медал за Македонија

Во периодот од 21 јуни до 30 јуни 2019 година во Минск, Белорусија ќе се одржат вторите Европски Олимписки игри на кои ќе настапат 50 европски држави, со околу 4000 спортисти во 15 спортови.

62530310_1360154414122719_6196350975796576256_n

Македонија ќе ја претставуваат 12 спортисти од кои деветмина се од боречките спортови, каде што реално може да се надеваме и на медал. БК Вардар ќе има двајца свои членови на овој голем собир, станува збор за:

-Магомедгаџи Нуров – борење (слободен стил) 97кг

-Далибор Богданов – самбо 68кг

62589814_2334009180150856_8147980498736513024_n

Она што е крајно револуционерно околу европските игри е ставот на БК Вардар да ги награди за успех своите момци. Па така огромни финансиски стрества се резервирани  за наши услови за евентуалните медеалисти од црвено-црниот табот.  Ова е чекор понапред во поимувањето на боречките споротви, АМС и МОК немаат ветено никакви сатисфакции за осојување на одличја. Вардарци ќе наградат свој член ако донесе медал за  Македонија. Очигледно откако Проф. Љубиша Пешко е претседател тимот отиде на ниво погоре.  Ова се ветените премии:

1.Место 5.000€

2.Место 2.000€

3.Место 1.000€