Тимот кој го совладавме во големото финале во Келн, унгарскиот шампион Веспрем се засили со Вуко Борозан. Унгарскиот гигант денеска и официјално го претстави како свое најново засилување.
Црногорецот стана „Лузер на годината“ поради тоа што пред 1/4-финалето во ЛШ замина од тимот, оставајќи го со скратена роатација. Сепак тој погреши бидејќи црвено-црниот тим и без негова помош стигна до европската титула. По заминувањето од Вардар беше слободен агент, сега ја прифатил и потпишал понудата за „две плус една година“ од Унгарците.
Борозан имаше големи заслуги за титулата 2017 година, за што треба да му сме благодарни за придонесот во црвено-црниот тим.