На вториот контролен натпревар во Дарувар, македонските кадети рамноправни против Хрватска, но загубивме во финишот, (85:91) Одлично издание на македонските кадети на вториот контролен натпревар во Дарувар.
За разлика од првиот, каде противникот брзо „натрупа“ висока позитива, и славеше убедливо, во „реваншот“, избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ делуваа мошне посигурно, и пред сè, поефикасно во нападот.
ХРВАТСКА У16 – МАКЕДОНИЈА У16 91:85
Иако Хрватите го добија првото полувреме со резултат (40:36), нашите млади кошаркари не се предвааа, напротив.
Во третата четвртина дури и го превземавме водството. По три четвртини Македонија водеше со (62:60).
Истата предност ја имавме и во 33.минута од мечот, (68:66). Со серија од пет поени, Хрватска се одвои на (76:71), кога останаа да се доиграат 4:29 минути.
Лукановски ја прекина со тројка за (74:76). Но со нова серија, сега од (8-2), во дев и пол минути, домашната селекција се одвои на недостижни (84:76).
Со нова тројка, на Шошкиќ, се доближивме и на (79:84). Но не го одбранивме следниот напад
Напшата прва петорка имаше двоен број на поени, што е добар знак за стручниот штаб во продолжение од подготовките за настапа Челенџерот во Скопје.
Со 24.поени ја предводеше Шошкиќ, 17 имаше Зетов, Стојковиќ даде 15, вардаревот Лукановски имаше дабал-дабл односно 14 (и 11 скока), а Стојанов – 12.