Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Куглање: Вардар одбраната на титулата ќе ја започне на 11.септември
Куглање: Вардар одбраната на титулата ќе ја започне на 11.септември

Куглање: Вардар одбраната на титулата ќе ја започне на 11.септември

Извршниот одбор донесе одлука за започнување на Македонската кугларска лига на почетокот на септември. Вардар ќе ја брани титулата, прва во својата историја. Во продолжение соопштението за ова и неколку други одлуки на федерацијата:
Членовите на Извршниот одбор на КФМ се состанаа  и донесоа неколку заклучоци:
1. МКЛ би започнала на 11.09.2021, двокружен систем
2. Женските екипи се одвојуваат од машките и се формира засебна женска лига со формат по 4 кугларки.
3. Две машки екипи најавуваат по 2 тима во лигата, а и трета размислува за тоа. Тоа носи и нови предизвици и одделување од класичниот формат на кој бевме навикнати.
4. Спорните трансфери се признаваат за важечки.
Натпреварувачка Комисија овој период ќе има доста работа да ги усогласи Пропозициите за сезоната 2021/22