Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија повторно подобра од Италија, Савревски меѓу најефикасните играчи

Македонија повторно подобра од Италија, Савревски меѓу најефикасните играчи

Втора победа на контролните натпревари против Италија, за македонската кадетска ракометна репрезентација.

Вчера во Охрид, избраниците на Кирил Лазаров стигнаа и до втората победа над оваа селекција, како подготовка за ЕХФ Шампионатот кој ќе се одржува во Скопје. Македонија во најголем дел од натпреварот имаше предност, но на моменти Италија се закануваше на нашето водство. Така на полувреме, противникот беше во позитива од еден гол (16:17).

Во второто полувреме, бевме решени да се одлепиме резултатски, тоа се случи кога „побегнавме“ на пет гола разлика, но малото опуштање кај нашите репрезентативци му овозможи на противникот за достоен пораз од само еден гол разлика. Конечниот резултат гласеше 30:29.

Давид Савревски одигра одличен дуел, беше меѓу најефикасни играчи во националниот дрес, со 4 постигнати голови.

ФОТО: Гол.мк