Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Искусниот Мишковски започна со тренинзи

Искусниот Мишковски започна со тренинзи

ФК Вардар добива големо засилување за новата сезона. Искусниот дефанзивец Ненад Мишковски е ,,црвено – црн” кој веќе одработи и два тренинга со неговата нова екипа.

Мишковски изминативе сезони беше предводник на одбраната на Ренова, а има настапувано и за екипите на Тетекс и Шкендија од Тетово. Мишковски по цели 15.години се врати во ФК Вардар.

Искусниот дефанзивец не беше во комбинација за натпреварот во средата, но се очекува да добие минути на турнирот „Вуко Каров“ кој ќе се одигра в недела.

Мишковски засега е 13.ново име во редовите на ФК Вардар.