Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија ја победи Италија, Савревски најдобар стрелец

Македонија ја победи Италија, Савревски најдобар стрелец

Кадетите на Македонија стигнаа до убедлива победа на првиот контролен натпревар против репрезентацијата на Италија.

На дуелот кој се одигра во Охрид, како подготовка за ЕХФ Шампионатот кој ќе се одржува во Скопје, нашата репрезентација ја совлада Иалија со резултат 29:21.

Заслужена победа за Македонија, која имаше контрола во текот на целиот натпревар. На полувреме имавме водство од 13:9.

Единствениот вардаров играч во дресот на Македонија, беше и најдобар стрелец. Давид Савревски одигра одличен натпревар постигнувајќи 5 голови. Денес двете репрезентации ќе одиграа уште еден пријателски натпревар.