Тимот на Ѓорче Петров-ЖРК ќе организираат силен подготвителен сениорски предсезонски турнир, кој ќе биде меѓународен. ЖРК Вардар, ја прифати поканата за турнирот кој ќе се игра од 19ти до 21-ви август во Скопје.
На овој меѓународен турнир ќе има екипи од три земји, односно од два контитинента. Од македонските преставници покрај домаќинот Ѓорче Петров, настапува нашиот ЖРК Вардар и тимот од Прилеп, екипата на Деспина која како и црвено-црните ќе игра во ракометна Европа. Од Србија ќе допатуваат екипите на ЖРК Бор и Јагодина, ќе учестува младинската селекција (У19) на Чиле.
Нашите девојки ќе ираат во групата-2 во која ривал ќе ни биде тимот на ЖРК Јагодина од Србија и екипата на ЖРК Деспина од Прилеп, тим кој ќе игра во ракометна европа како и нашата екипа. Во продолжение деталите за саатниците и изгледот на двете групи и распоредот.