Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Лукановски втор стрелец на Македонија М16 на гостувањето кај Хрватска

Кошарка: Лукановски втор стрелец на Македонија М16 на гостувањето кај Хрватска

Хрватска се покажа како далеку подобар ривал од нашата кадетска селекција, дојде до убедливи (98:47) на првата проверка во Дарувар.

Хрватска доминираше на првиот меч во Дарувар, славеше убедлива победа…

ХРВАТСКА У16 – МАКЕДОНИЈА У16   98:47

Македонската машка селекција „Под 16“ години е на дводневно гостувње во Дарувар, каде вечерва го одигра првиот од двата планирани натпревари против Хрватска

Хрватските кадети делуваа доминантно во текот на сите 40.минути. Славеа со убедливи (98:47) против нашиот комбиниран тим на играчи родени 2005 и 2006 година.

На првата проверка на нашата кадетска селекција во периодот од подготовките, Андреј Шошкиќ, кој доби и најголем простор за игра, реализираше 16. поени, додека два помалку – 14, постигна Марко Лукановски играчот на Вардар.

Двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар,  денес на истото место, во исто време – 18.часот.