Репрезентацијата на Шпанија успеа да слави во дуелот со Германија со пресврт, откако по првиот дел имаше негатива. Ова беше првиот натпревар на Летните Олимписки Игри во Токио.
Германците наметнаа свое темпо во првиот дел, имаа постојана предност, а Шпанија благодарение на одличниот голман Гонзало Перез де Варгас, успеа да намали на само еден гол негатива по првиот дел 13-12. Во вториот дел Шпанија дојде во водство, но противникот на половина пред крајот успеа да израмни на 22-22 и да го направи дуелот многу интересен. Клучниот гол на дуелот го постигна Душебаев за конечни 28-27.
Гурбиндо имаше своја улога на теренот и постигна два гола. Најефикасни кај Шпанија беа Гомез и Фигуерас со пет гола, а кај Германија се истакна Вајнхолд исто така со пет реализации.