Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Момците го пречекуваат МЗТ, дамите со фаворитска улога против Крива Паланка
Кошарка: Момците го пречекуваат МЗТ, дамите со фаворитска улога против Крива Паланка

Кошарка: Момците го пречекуваат МЗТ, дамите со фаворитска улога против Крива Паланка

Машкиот и женскиот сениорски црвено-црн колектив, Вардар одигаа по еден дуел од Првата лига досега. Викендов двeтe наши кошаркарски екипи се домаќини во вторите натпревари за нив во новата сезона 2018/2019 во најсилните кошаркарски лиги.

Момците во првото коло како домаќини одигаа добар меч против фаворитот КК  Куманово 2009, сепак победата беше резервирана за поискусниот гостински состав кој триумфираше со 77 – 85.  Јуниос Провел имаше фантастично деби во дресот на Вардар, плејмејкерот од САД во поразот на домашен терен  постигна дури 32 поена со што заслужено се најде во петторката на колото. Во вториот коло бевме слободни, апак во треттото сме домаќини на силен противник. Нас ни гостува ланскиот шампион од Купот на Р.М и неколку кратниот првак на земјава тимот на КК МЗТ Скопје кој ја има фаворитската улога.

zkk-660x330

Девојките отворија како гости во Делчево, во мечот кај тимот на ЖКК Клубски Патриот на доминантен начин дојдовме до триумф. Победата беше изразена со 62.поена разлика, ние победивме со резултат 19 – 81. Во вториот коло повторно сме фаворити за победа, избраничките на Жаклина Стојановска го пречекуваат новајлијата во лигата тимот на ЖКК Крива Паланка.