Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Пинг понг: Две победи на Вардар
Пинг понг: Две победи на Вардар

Пинг понг: Две победи на Вардар

Во неделата, 14 Октомври во СЦ “Форца” во Скопје се одигра вториот турнир од пинг-понгарското првенство во двете најквалитетни лиги во Македонија. На програмата на вториот турнир беа третото и четвртото коло.

Во третото коло од Супер лигата најинтересен беше натпреварот Вардар – Телеком НЕЦ, двете екипи во првите две кола запбележаа победи. Победата ја однесе актуелниот шампион на Македонија, екипата на Вардар. Најинтересен на натпреварот беше дуелот помеѓу Државниот првак на Македонија, Кристијан Станојковски и Милош Миленковиќ од Србија кој настапува за екипата на Телеком НЕЦ. Како победник од овој дуел излезе Станојковски, кој со 3:1 го совлада Миленковиќ. Во другиот дуел Вардар се сретна со Мултитекс и го доби со резултат 4:0.

Супер лига 3 коло резултати:

Вардар - Телеком Нец  4:2

Мултитекс – Младост 96  0:4

Шампион Фа – УГД  4:0

Работнички – Младост 1:4

Супер лига 4 коло резултати:

Телеком НЕЦ – Младост 2:4

УГД – Работнички 0:4

Младост 96 – Шампион ФА 4:1

Вардар - Мултитекс 4:0

Табела Супер Лига

  1. Вардар  
  2. Младост 8-бода
  3. Телеком Нец 8-бода
  4. Младост 96 6-бода
  5. Работнички 6-бода
  6. Шампион ФА 5-бода
  7. УГД  5-бода
  8. Мултитекс 4-бода