Германскиот репрезентативец, Кристијан Дисингер напорно се подготвува за новиот предизвик, а тоа е екипата на Вардар, со која ќе се обиде оваа сезона да ја нападне титулата во Лигата на Шампионите. Како што знаеме Дисингер пристигна од Кил, ги помина медицинските предгледи и стави потпис на двегодишен договор со црвено-црните. Тој не отпатува со екипата за Полска, а нема да биде во составот ниту за денешниот дуел против ППД Загреб. Се очекува Дисингер да го има своето деби во дресот на Вардар, на 30-ти октомври кога е закажан следниот дуел на Вардар во СЕХА-лигата, против тимот на Брест Мешков во С.Ц. Јане Сандански.
Дисингер работи максимално во теретаната на С.Ц. Јане Сандански со кондициониот тренер, Марија Лојаница.