Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар домаќин на Бадел во четврток, водиме 2-0 и со победа ние сме Шампиони
ЖКК Вардар  домаќин на Бадел во четврток, водиме 2-0 и со победа ние сме Шампиони

ЖКК Вардар домаќин на Бадел во четврток, водиме 2-0 и со победа ние сме Шампиони

ЖКК Вардар може да ја прослави двојната круна веќе за два дена, на 30.мај (четврток) го играме треттиот дуел од финалната серија против Бадел. Веќе водиме со убедливи 2-0 и само една победа ни е потребана во следните три меча да бидеме шампион.

Се надеваме дека девојките на Жаклина Стојановска веќе при првата “меч топка“ ќе  ја решат дилемата. Дуелот го играме во нашата сала, ние сме домаќини во малата сала при СЦ “Кале“ на мечот кој е закажан со почеток во 18-30 часот. Време е да ја прекинеме доминацијата на Бадел во лигата, во Купот владееме три години по ред сме шампиони. Па со триумф во финалната серија би ги обединиле двете титули што би било голем успех за овој вардаров црвено-црн проект.