Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар вечерва со кадети гостува кај Металург, на последниот меч сезонава во Супер Лигата
Вардар вечерва со кадети гостува кај Металург, на последниот меч сезонава во Супер Лигата

Вардар вечерва со кадети гостува кај Металург, на последниот меч сезонава во Супер Лигата

Вечерва во спортската сала во населбата Автокоманда својот последен натпревар за оваа сезона во рамките на Супер Лигата ќе го одигра екипата на Вардар, која гостува на Металург.

Првично овој меч беше закажан за на 4.јуни, но дојде до промена, па дербито ќе се одигра денес по договор на двете екипи. Како на претходниот натпревар против Пелистер, така и на овој дуел со Металург, нашиот шампион ќе настапи со кадетски состав, со оглед дека веќе ја обезбедивме 13.шампионската титула. Претстојниов викенд не очекува завршниот турнир во Келн, па тренерот Парондо  нема да ризикува, па својот најсилен состав ќе го чува за последните два најважни дуели оваа сезона.

Мечот, Металург- Вардар својот почеток ќе го има од 19:00 часот.