Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денес и во четврток на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Израел.
За овие пријателски дуели, селекторот на Македонија, Горан Станиќ повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Матеј Андов, Божидар Митревски, Александар Ѓурковски и Бојан Димовски.
Нашата селекција до 19 години на 4. и 6. јуни, исто така ќе одигра два пријателски натпревари на стадионот „Борис Трајковски“ против репрезентацијата до 19 години на Црна Гора.