Трета година по ред генерацијата 2008 на ФК Вардар успеа да ја освои детската лига и да покажат дека се најдобри во Македонија. Избраниците на Колев во големото финале убедливо ја совладаа екипата на Милано.
Претходно во полуфиналето, црвено-црните ја совладаа екипата на Јанг Тим од Струга, со резултат 7:4. Погледнете фотогалерија токму од овој меч на вардарци.