Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Падна Ријека, пионерите на ФК Вардар со голема победа го отворија турнирот „Кварнерска Ривијера 2019“
Падна Ријека, пионерите на ФК Вардар со голема победа го отворија турнирот „Кварнерска Ривијера 2019“

Падна Ријека, пионерите на ФК Вардар со голема победа го отворија турнирот „Кварнерска Ривијера 2019“

Голема победа за пионерите на ФК Вардар на отварањето на силниот меѓународен турнир „Кварнерска Ривијера 2019“. Црвено-црните под водство на Игор Кралевски во првото коло успеаа да го победат токму организаторот на турнирот, а тоа е силниот тим на Ријека од Хрватска.

Вардарци славеа на овој дуел минимално со 1:0, со гол во првото полувреме. Погодокот беше вистински евро гол на Леонид Игнатов кој успеа да го матира противничкиот голман со удар од повеќе од 25 метри, гол до крајот на мечот се покажа и како единствен на овој дуел. Вардар имаше уште една голема прилика во првиот дел, кога капитенот Омерагиќ ја погоди стативата од голот на Ријека. Иако главниот судија покажа големо продолжување на овој меч, црвено-црните издржаа до крајот и успеаа да го совладаат големиот противник, кој важеше за еден од претедентите за освојување на турнирот.

Вардар: Китановски, Петејчук, Радуловиќ-Величковиќ, Манасиевски, Крстевски, Асани, Гугуљанов, Салиу, Речица, Игнатов, Омерагиќ (c)

Во игра во второто полувреме влегоа Мицевски, Костовски и Демири.

На утрешната програма е мечот од второто коло на турнирот, против екипата на Железничар од БИХ. Со евентуална победа избраниците на Игор Кралевски ќе се пласираат во 1/4 финалето на овој силен турнир.