Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Ф-4: Познат ривалот за 1/2-финалето на кадетите, Вардар на “мегдан“ со КЛ-7
Ф-4: Познат ривалот за 1/2-финалето на кадетите, Вардар на “мегдан“ со КЛ-7

Ф-4: Познат ривалот за 1/2-финалето на кадетите, Вардар на “мегдан“ со КЛ-7

Кадетите на ракометниот клуб Вардар го дознаа противникот за полуфиналето на завршниот Ф-4 турнир во кадетска конкуренција кој ќе се игра викендов. Станува збор за тимот кој  покрај црвено-црните е најголем фавориот за пехарот, екипата на КЛ-7.  Ние ќе одиграме “финале пред финале“, бидејќи победникот од оваа средба ќе биде огромен фаворит за пехар во мечот за злато.

Домаќинот на завршницата ќе биде додатно познат, два града се кандидати за организација Струга и Прилеп. Момците на Будимир и Станковски на оваа завршница обезбедија место  како  убедливи лидери во кадетската група-1. Каде во  регуларниот дел го завршивме со дури 43.бода. Веќе пред неколку кола бевме сигурни патници, оваа сезона победивме на  14 дуели, и имавме едно реми и еден неважен пораз.

Полуфиналните парови  на завршниот Ф-4 изгледаат вака:

  • ВАРДАР: КЛ-7
  • Прилеп:  Е.Фарм Работник