На програмата во Првата македонска кошаркарска лига овој викенд е новото, четврто коло.
KK Вардар по двата воведни домашни порази успеа во 3.коло како гостин да го совлада тимот на МЗТ УНИ Банка со резултат 75:95. Во ова викенд коло ние сме домаќини по третти пат во четири кола, на гости ни доаѓа тимот на КК Гостивар од истоимениот град.
Натпреварот во малата сала при Спортскиот центар “Кале“ ќе се одигра задутре, сабота (02/10/2019) со почеток во во 18-00 часот. Ние во овој дуел влегуваме со една победа по три кола, ривалот има два успеха и еден пораз. Правдата ќе ја делат: Митровски, Павлов и Панов.