Tuesday ,19 November 2019
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викендов 1.коло во кадетската лига, девојките на Вардар одбраната на титулата ја започнуваат со Ѓорче
Викендов 1.коло во кадетската лига, девојките на Вардар одбраната на титулата ја започнуваат со Ѓорче

Викендов 1.коло во кадетската лига, девојките на Вардар одбраната на титулата ја започнуваат со Ѓорче

Викендов конечно започнува со одигрување женската кадетска ракометна лига. Девојките на Платон Анжела и Марија Папуџиева, пионерскиот тим на ЖРК Вардар ќе ја брани титулата во оваа конкуренција. Тие лани на спектакуларен начин со блескав пролетен дел на изненадување на сите дојдоа до пехарот.

Вардарки се наоѓаат во групата-1 од кадeтската лига, тие за место на завршниот Ф-4 ќе се борат со екипите на: Шампион, Металург, Кузман, Илинден и тимот на РК Ѓорче. Во првото коло сме домаќини во СЦ „Јане Сандански„ во Скопје на тимот на РК Ѓорче Петров. Овој дуел ќе се игра задутре, сабота 2.ноември. На мечот кој е закажан со почеток во 15-00 часот за делители на судиската правда се делегирани: Бобан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје.

Покрај нас во оваа група овој викенд ќе се одигаат и следните два меча:

*Шамион-Металург 11-00(сабота)

*РК Кузман-РК Илинден 13:45ч (недела)