Од денеска во продажба се пуштаат билети за следните два натпревари на Вардар во рамките на СЕХА-лигата. Тоа се дуелите против екипите на Војводина и Мотор Запорожје. Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку www.ticketplus.mk
Натпреварот Вардар – Војводина е закажан за 4 ноември 2019 година (понеделник) во СЦ „Јане Сандански” во 20,15 часот.
Натпреварот Вардар – Мотор Запорожје е закажан за 13 ноември 2019 година (среда) во СЦ „Јане Сандански” во 20,15 часот.
Цената на поединечните билетите за натпреварите со Војводина и со Мотор е 50 денари
(Цената се однесува за еден натпревар)
Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн – www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.