Кадетите на ФК Вардар ќе играат во полуфиналето на националниот куп. Нашите млади надежи успеаа да ја надокнат негативата од еден гол и да се пласираат во следната рунда.
Денес на теренот во населбата Јане Сандански, кадетите на Вардар славеа убедлива победа со резултат 5:1. Во 9.минута од мечот успеавме да го отвориме резултатот со голот на Леонид Игнатов, додека во 27 минута зголемивме на 2:0 со погодокот на Петар Гугуљанов. До крајот на првото полувреме, Њу Старс успеа да постигне гол и да намали на 2:1, резултат со кој заврши и првиот меч од 1/4 финалето.
Вардар беше доминантен во вториот дел и успеа да постигне уште три погодоци во противничката мрежа. Во листата на стрелци се запишува и Абдула Хасани, за зголемено водство од 3:1 во 52 минута. Со голот на Виктор Крстевски поведовме со 4:1 во 64 минута, додека конечните 5:1 на овој дуел ги постигна Радуловиќ-Величковиќ. Со последниот гол во 83.минута ние ја запечативме победата и обезбедивме пласман во најдобрите четири екипи кои ќе се борат за големиот пехар во Купот на Република Македонија.
Вардар: Китановски, Радуловиќ-Величковиќ, Петејчук, Ѓурковски, Крстевски, Хасани, Гугуљанов, Омерагиќ, Речица, Игнатов, Асани.
Во игра влегоа уште и Салиу, Шабани, и Фазлиу.