Пионерските екипи на ФК Вардар се пласираа во полуфиналето на Купот. Ова е епилогот од денешните одиграни реванш мечеви во рамките на 1/4 финалето од Купот на Македонија. Двете генерации на Вардар гостуваа во Прилеп на екипата на Победа.
Помладите пионери по втор пат ја совладаа екипата на Победа, овој пат многу поубедливо, откако првиот меч го добивме со резултат 2:1. Денес на реваншот во Прилеп, црвено-црните беа многу поефикасни и славеа триумф со резултат 1:4. Резултатот го отвори Огнен Здравковски за предност на Вардар од 0:1. Георг Стојановски беше играчот кој ги постигна следните два гола, за резултат 0:3 на полувреме, по што беше познато се на овој 1/4 финален дуел. Во второто полувреме паднаа по уште еден гол во двете мрежи. Најпрво Вардар зголеми на 0:4 со голот на Горазд Попов, додека Победа постигна почесен гол и намали на 1:4.
Вардар: Тасев, Милошевски, Љушев, Павлески, Ричков, Јаневски, Здравковски, Хајдари, Ибраим, Гуџуфи, Стојановски.
Пионерите немаа проблеми и на реваншот во Прилеп да го растурат противникот. По првото полувреме имавме минимална предност од 0:1 со голот на Антонио Мирков. Во вториот дел постигнавме уште два гола во мрежата на Победа, истите беа дело на еден ист играч, се работи за Андреј Стојчевски, кој ги постави конечните 0:3 на овој меч. Пионерите на Вардар со вкупен резултат од 7:0 ја елиминираа екипата на Победа.
Вардар: Стојковски, Трпезановски, Ѓоргоски, Сељанац, Јовановски, Ѓоргиевски, Давидовски, Стојчевски, Мирков, Тасевски, Живков.