Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гоцески на дуелот Вардар – Ренова
Гоцески на дуелот Вардар – Ренова

Гоцески на дуелот Вардар – Ренова

Викендов на програмата е 13. коло, а Фудбалската федерација на Македонија веќе ги делегираше арбитрите кои ќе судат на сите пет натпревари.

Довербата за дуелот Вардар – Ренова ја доби Мајран Гоцески од Струмица, на кој ќе му помагаат Караколев Никола од Штип и Станковски Ѓорѓи исто така од Струмица. Четврти судија на овој дуел ќе биде Мавров Васко, исто така од овој град.

Дуелот на Вардар – Ренова се игра в недела со почеток од 13:30 часот.