Во сабота на теренот во Ѓорче, седмото коло во рамките на регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на Вардар родени 2005 и 2006 година, кои ќе гостуваат на екипата на Њу Старс.
Генерацијата 2006 на Филип Спасески игра одлично во својата дебитантска сезона во регионалната-скопска лига. Нашите млади надежи имаат одиграно пет натпревари на кои имаат максимални 15 освоени бодови. Она што ги прави доминантни во лигата е гол разликата, постигнавме вкупно 24 голови, додека немаме примено ниту еден погодок во својата мрежа. Ист број на бодови во оваа категорија има и Еуроспорт, но и натпревар повеќе од Вардар, додека на 3 и 4.место се екипите на Шкупи ( меч повеќе) и Шкендија кои имаат по 12 бодови. Што се однесува до нашиот утрешен противник, тимот на Њу Старс на шест одиграни меча има половичен успех од три победи и три порази, вкупно 9 бодови за оваа екипа, која се наоѓа на 9.место на табелата.
Максимални 12 освоени бодови на четири одиграни меча има и генерацијата 2005 на Зоран Петковски, која се наоѓа на второто место на табелата. Прв е тимот на Кул Здравје кој има 18 бодови, но и два меча повеќе од Вардар. На третото место се наоѓа тимот на Шкупи со 12 бодови, и два натпревари повеќе од црвено-црните. Тимот на Њу Старс котира на 5.место на табелата со вкупно 10 освоени бодови.
Натпреварите во сабота ќе се одиграат во термините од 13:30 часот ( генер. 2006) и 15:30 часот ( генер.2005).