Избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева од овој викенд ги очекува „двојна програма“. Пионерките на ЖРК Вардар, утре ќе започнат со настап во кадетската лига (види инфо), а воедно во пионерската конкуренција ги очекува шестата рунда од есенскиот дел.
Нивниот пионерски дуел е на програмата во недела, 3.ноември. Мечот од 6.коло во групата-1 од пионерската конкуренција ќе се игра со почеток во 10-30 часот. Ние гостуваме кај тимот на РК Алушовски, кој ќе не пречека во салата “Форца“. Делители на судиската правда ќе бидат Михаела Капсарева и Лејла Јашар. Табелата во пионерската група каде што играат вардарки може да ја погледнете на нашиот сајт-ТУКА!