Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Петте “ѕвезди“ низ историјата на КК Вардар
Петте “ѕвезди“ низ историјата на КК Вардар

Петте “ѕвезди“ низ историјата на КК Вардар

ПРВА

Согласно претходната фузија, од двете спортски друштва „Победа“ и „Македонија“ се одбираат најдобрите кошаркари околу кои се креира новиот тим, и веќе по само еден месец Вардар заминува во Битола каде на 30. и 31. август 1947 година се одржува Второто републичко кошаркарско првенство на Македонија. Тоа  е всушност и првото појавување    на „вардарци“ на едно официјално натпреварување. Така, Вардар во голем стил по само еден месец постоење стигнува до првиот трофеј – републички шампион на Македонија. КК Вардар ја запишува првата шампионска ѕвездичка во Македонија!

picture2-1024x682

ВТОРА

Пресудно за освојувањето на втората вардарова ѕвезда, е новата генерација која се создава во периодот 1953, а предводена од Владимир Воиновски, Етем Омерагиќ, Ото Ташковски, Владимир Петровски – Бато, Војче Синадиновски… Генерација која остава силна трага во тој период во македонската кошарка.

Дел од втората генерација вардарови кошаркари која стигна до титулата во Македонија, е и актуелниот прв човек на клубот и најзаслужен што и по 70 години Вардар опстојува цврсто на домашната кошаркарска сцена, Владимир Воиновски…

„Јас сум во Вардар од 1952 година, од самите негови почетоци, најпрво како кошаркар од моја најрана возраст, па потоа и како дел од раководството и финансиер. Вардар слави 70 години од своето постоење, а јас се гордеам ете што цели 65 години ја делам историјата со овој клуб кој ми е во срцето“ – вели Воиновски, потсетувајќи се на првите свои кошаркарски денови меѓу „црвено-црните“…

*ПРОДОЛЖИ со читање на ККВардар.мк