Saturday ,27 February 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Најдобрите седум на Ф4 турнирите во СЕХА-лигата, меѓу нив и четворица вардарци
(ВИДЕО) Најдобрите седум на Ф4 турнирите во СЕХА-лигата, меѓу нив и четворица вардарци

(ВИДЕО) Најдобрите седум на Ф4 турнирите во СЕХА-лигата, меѓу нив и четворица вардарци

СЕХА го одбра идеалниот тим на играчи кои биле дел дел од завршните турнири на ова натпреварување. Во најдобрите седум се најдоа дури четири играчи кои биле дел од Вардар, кој е најтрофеен во СЕХА-лигата со вкупно пет трофеи.

За најдобар голман е прогласен, Арпад Штербик, кој има одиграно 8 натпревари на Ф4 турнирите. Арпад има вкупно 58 натпревари во лигата и два освоени трофеи. Тимур Дибиров е најдоброто лево крило, беше дел од завршните турнири од 2014 година па наваму. На турнирот во Нови Сад беше прогласен за најдобар играч на завршниот турнир. Одигра 12 натпревари на Ф4 турнирите и постигна 43 голови, а освои и четири трофеи во ова натпреварување.

Игор Карачиќ е најдобриот среден бек и единствениот играч со Стоилов кој ги има освоено сите пет трофеи во СЕХА-лигата. Забележа 16 меча на Ф4 турнирите и постигна 47 голови, најмногу од сите вардарови играчи. Во идеалниот тим се најде и Даинис Кристопанс како најдобар десен бек, кој во 2019 година е прогласен за најдобар играч на Ф4 турнирот во Брест. Настапи на вкупно 12 дуели на завршните турнири, на кои постигна 50 голови и 26 асистенции. Со Вардар на два пати ја освојуваше СЕХА-лигата.

Погледнете го видеото со најдобриот тим, во кој уште се и Растко Стојковиќ, Златко Хорват и Момир Илиќ.