Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гледајте утре, Вардар-Барселона, на новиот спортски канал, МРТ-3
Гледајте утре, Вардар-Барселона, на новиот спортски канал, МРТ-3

Гледајте утре, Вардар-Барселона, на новиот спортски канал, МРТ-3

Од утре започнува да се емитува нов спортски канал, МРТ-3 кој ќе прикажува стари спортски настани. Во ситуација кога спортот е во прекин поради пандемијата со корона вирусот, гледачите ќе имаат можност да се потсетат на најдобрите спортски настани во изминатите години.

Прв спортски натпревар кој ќе се емитува на МРТ-3 ќе биде полуфиналниот дуел од Лигата на Шампионите, меѓу Вардар и Барселона, кој се одигра во Келн во 2017 година. Црвено-црните славеа победа со гол во последните секунди на Лука Циндриќ, гол вреден големо финале во Лигата на Шампионите. Истата година ја освоивме ЛШ, откако во големото финале го победивме и тимот на ПСЖ.

Полуфиналето меѓу Вардар и Барселона, можете да го погледнете утре со почеток од 16:00 часот. Кој нема да биде во можност да го гледа мечот во овој термин, истиот повторно ќе се пренесува во 00:00 на полноќ. Ова е одлична идеја, а гледачите во Македонија ќе имаат можност повторно да уживаат и да ги погледнат сите интересни натпревари.