По крајот на велигденските и првомајските празници продолжуваат натпреварите во женската сениорска кошаркарска лига. На програмата во Супер лигата е последното, шестто коло.
Во оваа 6.рунда во суперлигашката конкуренција ЖКК Вардар е домаќин на Работнички. Дуелот се игра утре ( вторник, 4.мај). Дуелот кој ќе се игра во малата сала при СЦ „Кале“-Скопје е закажан со почеток во 18-30 часот. Вардарки веќе ја имаат обезбедено од претходно 3-та позиција на табелата пред почетокот на Плеј-оф сегментот.