Friday ,20 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шеваљевиќ и Валчак со своите репрезентации обезбедија пласман на ЕП
Шеваљевиќ и Валчак со своите репрезентации обезбедија пласман на ЕП

Шеваљевиќ и Валчак со своите репрезентации обезбедија пласман на ЕП

Во текот на вчерашниот ден беа актуелни натпреварите од последното коло во рамките на квалификациите за пласман на ЕП кое следната година ќе се игра во Унгарија и Словачка. Таму место ќе има и за ракометарите на Вардар кои се дел од своите репрезентации. Покрај Македонија, настап на ЕП обезбедија и Црна Гора за која настапува Шеваљевиќ, како и Полска за која настапува Патрик Валчак.

Црна Гора го доби решавачкиот натпревар против селекцијата на Романија со резултат 23:19. До победа, црнагорците стигнаа со подобра игра во вториот дел од дуелот кога успеаа да го скршат отпорот на противникот. Васко Шеваљевиќ успеа да постигне три гола.

Полска го загуби натпреварот од Холандија со резултат 32:30, но како најдобра третопласирана репрезентација ќе патува на ЕП. На натпревар со неколку пресврти и со многу голови на крајот како подобра се покажа селекцијата на Холандија која исто се пласираше на ЕП. Патрик Валчак успеа да постигне еден гол на натпреварот.