Македонија со победа ги заврши квалификациите, обезбедувајќи пласман на ЕП во 2022 година кое ќе се одигра во Унгарија и Словачка. Дуелот кој се одигра во СЦ. Јане Сандански заврши со победа на Македонија против репрезентацијата на Швајцарија со резултат 29:28.
Иако натпреварот немаше некакво резултатско значење за нашата репрезентација, сепак Македонија успеа да ја совлада минимално Швајцарија и да ја откаже од сонот дека може да се пласира на ЕП.
Во голем дел од натпреварот гледавме израмнета игра на двете страни, двете репрезентации постојано се менуваа во водство, додека противникот во еден дел од првото полувреме стигна и до три гола позитива. Сепак момците на Кирил Лазаров се вратија во игра, не дозволија предвреме натпреварот да биде испуштен од контрола, па до крајот на првото полувреме резултатот беше израмнет на 16:16.
Долго време и во вториот дел, се играше гол за гол, се до периодот кога благодарение на неколку одбрани на Митревски, Македонија успеа да направи серија од погодоци и да се одлепи на најголеми три гола разлика. На Шавајцарија и беше потребен барем бод од овој дуел, се обиде да стигне до него, но Македонија не дозволи да ја испушти предноста и на крајот славеше со резултат 29:28.
Од вардаровите играчи кои настапија на овој натпревар, сите четворица успеаа да се запишат во листата на стрелци. Гоце Георгиевски беше стрелец на 4 голови, Талески постигна 3, додека Мишевски и Стоилов имаа по еден погодок. Честитки до Македонската ракометна репрезентација за пласманот на Европското првенство.