Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Пред 7.години група ентузијасти го вратија името „Вардар“ на кугларската сцена

Пред 7.години група ентузијасти го вратија името „Вардар“ на кугларската сцена

179843568_310718597347781_2718531690466905757_n

Се навршуваат  7.години откако група ентузијасти, активни куглари и тренер во овој спорт од кој дел од нив дел од поранешниот кугларски клуб Вардар (од с.д.Вардар) решија светото црвено-црно име да го вратат на кугларската мапа. Така повторно да се “роди“ колектив со шестте свети букви ВАРДАР.

Со формирањето на КК Вардар 2014 се оствари таа идеја. Клубот во ваков, нов формат функционира успешно 7 години. За време на истите со многу труд, желба и залагање пред се на раководниот двоец Димитар и Дарко Димитровски заедно со стручната помош на тренерот и нивни татко, Драги клубот забележа серија успеси и се етаблираше на кугларското небо. За жал, лани помеѓу петтата и шестата година овој свет го напушти една од најважните алки, тренерот Драги Димитровски. Вечна слава на неуморниот работник и посветен кугларски тренер.

Во овие 7 години, зад нас се две титули Шампион во Купот, неколку вицешампионски места во МКЛ. Сезнава беше прекината, во лигата бевме во првата половина на табелата, Купот не се одигра сеуште па ни останува евентуална шанса за третта титула. Меѓународни настапи на интернационалните европски купови каде ја преставуваме Македонија. Покрај тоа добивме поединечен шампион кога Влаќевски ја освои сениорската круна, младиот Мартин Митиќ истото го направи во кадетска конкуренција.

Три пати од Вардар  беше реализиран вардаровиот силен меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември”,  на кој настапија реномирани екипи и еминентни куглари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, како и од Македонија претставена од кугларите на Вардар. Вардарци имаа визија и за овој турнир, го осмислија и реализираа со многу труд, желбата е истиот успеа да стане традиционален.