Неколку играчи на Вардар се активни со настапи за своите репрезентации.
Анте Гаџа и Иван Чупиќ со репрезентацијата на Хрватска повторно стигнаа до победа во дуелот со Словачка. Избраниците на Хрвоје Хорват славеа триумф со резултат 26:23, на натпревар од ЕХФ Еврокупот.
Анте Гаџа постигна два гола, додека еден имаше Иван Чупиќ.
Црна Гора за која настапи Васко Шеваљевиќ доживеа висок пораз на домашен терен од репрезентацијата на Шведска со резултат 22:34. Токму вардаровиот лев бек се покажа како најефикасен кај Црна Гора со 6 постигнати голови. Ова беше дуел во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2022 година. Во последното коло, Црна Гора се среќава со селекцијата на Романија.
Патрик Валчак успеа со селекцијата на Полска да стигне до голема победа во дуелот со Словенија (27:26) и на тој начин си ги одржаа шансите за пласман на ЕП. Валчак не се запиша во листата на стрелци на овој интересен натпревар.