По одигрувањето на седмото коло, трката за првото место во оваа конкуренција остана без еден кандидат, макар и привремено. ГКК Охрид не успеа да се справи со младиот состав на МЗТ Скопје Уни Банка, и во Скопје запиша пораз од (75:86), кој ги тргна „сино-белите“ од водечката позиција.
Таму остануваат две екипи, Соколи 1933 и нашиот КК Вардар.
Штипјани излегоа како победници во дерби-дуелот на 7. коло, против екипата на Ангели (69:58), додека пак „вардарци“ без особени проблеми поминаа низ Струга и го совладаа Црн Дрим со високи (84:55).
Ко-лидерите на табелата се на скор (6-1), а екипата од Охрид е единствената со ефект (5-2). Следува група од четири екипи со скор (4-3), како МЗТ Скопје Уни Банка, Ангели, Работнички и МКК Куманово, а место во првата „осумка“ кое води во плеј-офот, ќе бркаат Водно Саксн и Шкупи (3-4).
Во најдолниот дел на табелата се Баскет Кам (2-5), Борец Баскет и Црн Дрим кои имаат само една победа во досегашниот дел од првенството.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО
МЗТ Скопје Уни Банка – ГКК Охрид 86:75
Црн Дрим – Вардар 55:84
Работнички 2018 – Борец Баскет 89:61
Соколи 1933 – Ангели 69:58
Шкупи – Баскет Кам 2011 81:68
МКК Куманово – Водно Санс 70:79
ТАБЕЛА: Вардар 13, Соколи 1933 13, ГКК Охрид 12, МЗТ Скопје Уни Банка 11, Ангели 11, Работнички 11, МКК Куманово 11, Водно Санс 10, Шкупи 10, Баскет Кам 9, Борец Баскет 8, Црн Дрим 7;
ИДНО КОЛО (03.12)
Црн Дрим – Работнички 2018
ГКК Охрид – Соколи 1933
Вардар – Баскет Кам
Ангели – МКК Куманово
Водно Санс – Шкупи
Борец Баскет – МЗТ Скопје Уни Банка