Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Агрон Туша донесе три бода за кадетите, Вардар подобар од Победа
Агрон Туша донесе три бода за кадетите, Вардар подобар од Победа

Агрон Туша донесе три бода за кадетите, Вардар подобар од Победа

Агрон Туша донесе три бода за кадетите, Вардар подобар од Победа и со играч помалку на теренот.

Денес на Локомотива се одигра натпревар од вонредното 10.коло во кадетската Супер Лига, на кој Вардар минимално со 1:0 беше подобар од прилепска Победа. Стрелец на единствениот гол беше Агрон Туша.

Вардар препушти голем број на шанси на овој натпревар, сепак на крајот успеа да стигне до три бода, со гол во последните 11 минути од натпреварот, иако од 68 минута игравме со играч помалку поради црвениот картон на Сековски.

Како посериозни шанси на натпреварот ќе ги издвоиме онаа на Филип Радевски, кој беше сам на втора статива, сепак не успеа да ја погоди противничката мрежа. Свои обиди имаше и Димитар Стојановски во првиот дел, но голманот на Победа добро интервенираше, како и Нуман Ајетовиќ кој се обиде со удар некаде од 18.метри.

Наградата за добрата игра на вардарци стигна во 79.минута, се играше акција од десната страна по која Стефановиќ упати центар шут, топката стигна до Ајетовиќ, ја сврти до Агрон Туша, кој успеа да ја затресе мрежата на гостинската екипа за водство од 1:0, резултат кој на крајот беше и конечен.

Ова беше седми триумф сезонава за кадетите, со кој остануваат во игра за највисок пласман на крајот од сезоната

Вардар: Андреј Данстак, Александар Трајчевски, Влатко Кулуковски (К), Матеј Митревски, Нуман Ајетовиќ, Максим Бундалески, Агрон Туша, Михаил Кузмановски, Дарко Сековски, Димитар Стојановски и Филип Радевски.

Играа уште Хадис Рамани, Андреј Петровски и Виктор Стефановиќ.