Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардар подобри од Победа, младинците со нов триумф
Вардар подобри од Победа, младинците со нов триумф

Вардар подобри од Победа, младинците со нов триумф

Вардар ја доби Победа и на натпревар во младинската Супер Лига. Нашите млади надежи славеа со ист резултат, како и кадетите, конечниот резултат гласеше 1:0 (0:0).

Моментот на одлука се случи во 87.минута, кога после центар шут на Цветков, топката најпрво удри во стативата и се врати до Рами Рахми кој успеа да погоди за победа на Вардар.

Избраниците на Борче Христов го контролираа натпреварот и имаа поголем посед на топка. Екипата на Победа речиси и да не се закани кон нашиот гол, освен погодена статива е за одбележување во редовите на прилепскиот тим.

Во нашите редови, добри шанси имаа Христијан Стојановски и Левент Ибраим, но не успеаа да се запишат во листата на стрелце. Обид од слободен удар имаше и Цветков. На крајот минимален триумф за црвено-црните со резултат 1:0.

Вардар: Никола Филевски, Зоран Фидановски, Андреј Алексоски, Левент Ибраим, Стефан Стојановски, Ѓорѓи Дошев, Давор Серафимов, Горјан Цветков, Рами Рахми, Марко Стојилевски (К), Тино Спасиќ.

Играа уште и Илија Апостоловски и Христијан Стојановски, Сандро Каровски, Никола Анчевски и Никола Уневски.