Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Македонското фудбалско дерби во сабота, Вардар гостува на Пелистер
Македонското фудбалско дерби во сабота, Вардар гостува на Пелистер

Македонското фудбалско дерби во сабота, Вардар гостува на Пелистер

Вечното македонско фудбалско дерби меѓу екипите на Пелистер и Вардар, ќе се одигра во сабота (03.12) со почеток од 13:00 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Ова е натпревар од 14.коло во ВМФЛ, многу важен за црвено-црните, кој со победа ќе биде блиску до приматот есенски шампион во лигата. Пред одигрување на ова коло, Вардар се наоѓа на лидерското место со 32 бодови, додека екипата на Пелистер е на четвртото место со 26 бодови.

Се очекува и спектакл на трибините, со оглед дека е дозволено и присуство на Комити, па сигурно дека не очекува вистинско фудбалско уживање.