Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарецот Адекунле е “ МВП“ на 12.коло
Кошарка: Вардарецот Адекунле е “ МВП“ на 12.коло

Кошарка: Вардарецот Адекунле е “ МВП“ на 12.коло

КК Вардар викендов доживеа уште еден пораз во елитата. Нашите кошаркари беа поразени од Кожув со резултат 86:73. Иако Адекунле постигна 26 поени, сепак, ниту тие не беа доволни за позитивен резултат од овој натпревар.

Првата четвртина Вардар ја одигра катастрофално, постигнавме само 9. поени а примивме дури 26. Вториот период тимот од Гевгелија го доби, овој пат со резултат 21-17. Второто полувреме Вардар го одигра подобро, третата четвртина ја добивме со резултат 26-24, додека пак последната со резултат 21-15.

По крајот на колото на веб-страната на кошаркарската федерација се поставува топ-5 листата на МВП-најкорисни играчи на колото. Ова 12.коло признанието му припадна токму на американецот во нашите редови Адекунле Ибитајо. Адекунле има 35 индексни поени зад своето име. Американецот уфрли 26 поени, имаше 8 скокови а придодаде уште и 2 асистенции. Адекунле е убедливо на првото место, зад него се наоѓаат Маслинко и Мишановиќ од тимот на КК Работнички со 29 индексни поени.