Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОК Вардар го дозна противникот во Купот
ОК Вардар го дозна противникот во Купот

ОК Вардар го дозна противникот во Купот

Вчера во просториите на Одбојкарската Федерација на Македонија (ОФМ) беа извлечени паровите за четвртфиналето во Купот на Македонија.

Ждребот сакаше во четвртфиналето нашиот ОК Вардар да се сретне со тимот на Лирија. Освен Вардар – Лирија, другите парови се: Лешок – Пробиштип ВА, УГД Штип – Борец и Шутова – Струмица.

Првиот натпревар Вардар ќе го одигра како гостин на 18 февруари, додека пак реваншот во Скопје е закажан за 1 март. Пласман во полуфинале ќе обезбеди екипата со вкупен подобар биланс.