Вардарки продолжуваат со победите во лигата на шампини, а нашиот најдобар стрелец Андреа Пенезиќ и понатаму игра во одлична форма. Викендов се одигра третото коло во главната рунда од најголемото ракометно натпреварување, а по втор пат Пенезиќ е избрана во трите најдобри ѕзведи на колото во ЛШ. Овој пат таа е во друштво Ана Грос од Мец и Зита Сучански од ФТЦ Будимпешта. Пенезиќ беше најдобар стрелец во победата против Турингер, постигнувајќи дури десет голови. Да потсетиме дека таа победи во изборот за најдобра ѕвезда во првото коло од главната рунда, кога Вардар славеше на гостувањето во Подгорица.
Да гласаме повторно за Андреа да биде избрана за најдобар играч на колото, на линкот ТУКА.