Викендов вардарци го играат можеби клучниот меч за лидерската позиција во групата во ЛШ која носи дирекно во четвртфиналето. Нашиот тим гостува во Унгарија кај екипата на Пик Сегед. Црвено-црните нема да се сами во оваа битка со нив ќе бидат нивните најверни, Комити Запад. Тие со информација за нивните членови за ова патување, во истата се вели:
Пик Сегед – РК ВАРДАР
Гостување за чекор до четвртфинале во Лига Шампиони !!
Собирно место: Фонтана Парк, сабота, 04:00 часот
Цена: 300 денари со членска карта, 600 денари без членска карта.
Пријавување со уплата во ФАН ШОП !!
КОМИТИ ЗАПАД