ФК Вардар им се врати на тренинзите по два дена одмор. Денеска вардарци ќе одработат тренинг во својот комплекс по пауза од нешто повеќе од 20 дена. Вардарци од денеска ќе се подготвуваат за натпреварите во Првата македонска фудбалска лига и Купот.
Следува “пеколен” распоред за шампионот на Македонија. Нашиот тим ќе одигра три тешки натпревари уште на стартот. Најпрвин, во недела ќе одиграме натпревар против екипата на Шкупи на домашен терен. Потоа ни следуваат можеби најважните дуели против Шкендија сезонава, еден во ПМФЛ, а потоа и два во Купот на Македонија.