Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Андреј Рајатоски: Битно е да играме тимски, заедно да се радуваме кога ќе победиме и да се бодриме кога ќе изгубиме, се надевам дека ќе ја одбраниме двојната титула
Андреј Рајатоски: Битно е да играме тимски, заедно да се радуваме кога ќе победиме и да се бодриме кога ќе изгубиме, се надевам дека ќе ја одбраниме двојната титула

Андреј Рајатоски: Битно е да играме тимски, заедно да се радуваме кога ќе победиме и да се бодриме кога ќе изгубиме, се надевам дека ќе ја одбраниме двојната титула

Освојувачите на двојната круна од минатата натпреварувачка сезона, пионерите на ФК Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната на второто место на табелата. Беа забележани осум победи, еден нерешен резултат и два порази во првиот дел од сезоната. Избраниците на Сашо Тодоровски  се до одигрување на петтото коло победуваа и беа со максимален број на освоени бодови. Тогаш следуваше гостувањето во Штип против екипата на Брегалница, која прва успеа да ни одземе бодови. Вардарци во следните три првенствени кола незнаеа за ништо друго освен победа. Сепак во последните натпревари се случи мал пад во формата, кога беа доживеани и првите порази. Како помина есенскиот дел како и очекувањата за вториот дел од сезоната можете да прочитате од изјавата на Андреј Рајатоски.

-Есенскиот дел го поминавме добро, но можеше многу подобро. Изгубивме бодови најпрво во Штип кога напаѓавме цела утакмица, промашивме пенал и неколку убави шанси, но немавме среќа да дадеме гол. Потоа и двете изгубени утакмици со Шкендија и Шкупи, каде во Тетово по примениот гол, во второто полувреме тргнавме многу поофанзивно со многу шанси но немавме среќа.

И оваа сезона главен конкурент за титулата ќе ни биде екипата на Шкупи, која го има лидерското место со само еден бод повеќе од екипата на Вардар.

-Важна е секоја утакмица во пролетниот дел, особено таа со Шкупи. Мораме да влегуваме во секоја утакмица максимално сконцентрирани и мотивирани со една цел, да се победи. Големи конкуренти сме за двете титули, но како што кажав мора да влегуваме во секоја утакмица максимално концентрирани и мотивирани кој и да е противникот и колкава да е важноста на натпреварот.

Андреј верува дека ќе бележи подобри настапи за Вардаровите пионери и дека екипата ќе игра на едно повисоко ниво од есенскиот дел.

-Битно е да играме тимски, заедно да се радуваме кога ќе победиме и заедно да се бодриме кога ќе изгубиме, се надевам дека ќе ја одбраниме двојната титула. Јас во есенскиот дел имав десетина настапи од кои не сум задоволен. Сметам дека можам многу повеќе од тоа што го покажав, но сега неможеме да смениме ништо од тоа што поминало. Гледам напред и сметам дека со напорна работа мојот придонес кон екипата ќе биде поголем. Очекувам во пролетниот дел да ја подобриме играта и да се бориме секој натпревар да го добиваме со што е можно повеќе постигнати погодоци.

Екипата беше на подготовки во Дојран, а во моментов тренира на академијата каде ги има сите неопходни услови за нормална работа.

-Подготовките поминуваат добро,бевме и на припреми во Дојран, каде што можевме екипно да тренираме, и да се подготвиме за пролетниот дел.

Рајатоски на почетокот на сезоната пристигна од екипата на Маџари Солидарност.

-Јас дојдов предходното лето од екипата на ФК Маџари Солидарност и не беше се како што очекував дека брзо ќе се адаптирам и ќе играм како што играв таму. Не сум задоволен од мојот придонес во есенскиот дел и работам за да бидам подобар во пролетниот дел.

Звонко Ивановски